
„Филипс“ - Хрватска и „Атлантик група“ договорија соработка со која од септември „Атлантик група“ ја превзема дистрибуцијата на производи од дивизијата „Филипс консумер лајфстајл“ за хрватскиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Филипс" - Хрватска и „Атлантик група" договорија соработка со која од септември „Атлантик група" ја превзема дистрибуцијата на производи од дивизијата „Филипс консумер лајфстајл" за хрватскиот пазар.
Оваа дивизија на светски познатиот, реномиран производител на техника ги опфаќа производите за лична нега и мали апарати за домаќинство. „Атлантик група" ја превзема дистрибуцијата во сите канали на продажба (малопродажба, електро-канал, онлајн-продажба, фарма-канал).
Вредноста на договорот за 2016 година е над 3,5 милиони евра, со значителен пораст на потенцијалот за продажба.