
И годинава, компанијата „Атлантик група“ во Србија ги освои сертификатите CO₂ на „Секопак“, поради придонесот во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
И годинава, компанијата „Атлантик група" во Србија ги освои сертификатите CO₂ на „Секопак", поради придонесот во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид.
Во име на членките на групацијата – „Соко Штарк" и „Гранд пром", Зоран Даљевиќ, финансиски директор на секторот за централно финансирање за Србија и за Македонија во „Атлантик", нагласи дека намалувањето на отпадот и енергетската ефикасност на компаниите во земјата треба да биде основа за систематско подобрување на производните процеси. Тој ги повика сите компании да ги следат позитивните примери и врз основа на пласираните и рециклирани количества на амбалажен отпад да го дадат својот придонес за заштеда на емисиите на јаглероден диоксид.
„Атлантик група" работи во насока на подобрување на енергетската ефикасност во Србија, со помош на финансирањето од ЕБОР. Притоа, групацијата постигна рационално користење на ресурсите и енергијата, намалување на трошоците, како и заштита на животната средина.
Во оваа пригода, „Соко Штарк" беше свечено промовиран како 10. член на одборот на директори-основачи на „Секопак", рециклажен оператор кој е единствен на српскиот пазар и единствен во индустријата што обезбедува увид во заштедата на емисиите на јаглероден диоксид. Компанијата е членка на организацијата „Про Јуроп".
Калкулаторот за јаглероден диоксид, кој е во сопственост на „Секопак", е договорен на ниво на сите членки на европската организација. На тој начин се постигнува хармонизација и споредливост на добиените резултати од емисиите на јаглероден диоксид во Србија, со резултатите од ЕУ.
Од вкупната заштеда на емисии на јаглероден диоксид во земјава, „Секопак" учествува со 67 отсто. Благодарение на примарната селекција и собирањето отпад од пакување од комунални извори на општините, се зголеми застапеноста на сите пет видови отпад од пакување, а со тоа се постигна и најголема заштеда на емисиите на CO₂, рече Виолета Белановиќ Кокир, генерален менаџер на „Секопак".