
„Атлантик група“ во првата половина на 2018 година оствари вкупни приходи од продажба во износ од 332 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 4,1 проценти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" во првата половина на 2018 година оствари вкупни приходи од продажба во износ од 332 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 4,1 проценти.
Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 39,5 милиони евра и се зголеми за 5,3 проценти, а нето добивката по малцински интереси се зголеми за 8,8 отсто на 22,3 милиони евра. Добри резултати беа постигнати во пресрет на порастот на дистрибутивниот бизнис и сопствените брендови.
Полугодие во знак на спогодби, продажба на „Нева" и нови директори
Зад нас е избалансирано полугодие во кое бележиме пораст на сите главни пазари и повеќето деловни области. Порастот на приходите продолжува да се држи во чекор со порастот на профитабилноста и продолжуваме и со понатамошно намалување на долгот, изјави Зоран Станковиќ, потпретседател на „Атлантик група" за финансии.
Од настаните кои го одбележаа полугодието, како успешен се издвојува затворањето на процесот за изгласување спогодба со доверителот „Агрокор". Според спогодбата, ако „Конзум" го постигне планираниот четиригодишен ЕБИТДА, кој е вклучен во проекциите на раководството на „Агрокор" и советниците, како основа за постигнување на спогодба, „Атлантик група" ќе ги наплати сите преостанати побарувања од членовите на „Агрокор" во периодот пред почнување на вонредна администрација, кои изнесуваат околу 8 милиони евра. Полугодието го обележа и неодамна потпишаниот договор за продажба „Нева" на компанијата „Магдис". Воедно, „Атлантик група" склучи договори за соработка со нови брендови – Red bull во Србија и Mars во Хрватска, што овозможи стабилен пораст на дистрибуцијата на овие пазари. Покрај тоа, во внатрешната организација, целиот дистрибутивен бизнис се реорганизира во една област.
Во поглед на сопствените брендови, „Атлантик група" бележи позитивни резултати од новото производство на Argeta во САД, двоцифрена стапка на пораст на инстант-турско кафе Black’n’Easy и редизајнираната Cockta со одлични резултати во хорека-каналот.
На вкупниот пораст на приходите од продажба на „Атлантик група" најмногу влијаеа Стратешките деловни единици: Деликатесни намази со пораст од 12,5%, Пијалаци со пораст од 9,6% и Кафе со пораст од 6,8%. Од поединечните пазари најголем пораст е постигнат во Хрватска – 8,3%, по што следи Босна и Херцеговина со 6,9% и Србија, која се зголеми на стапка од 6,1%. Значителен пораст е забележан и во другите пазари во регионот – Македонија, Црна Гора и Косово – кои се зголемија за 9,8%.