
Во првиот квартал од 2018 година, „Атлантик група“ оствари вкупни приходи од продажба од 152,4 милиони евра, што претставува зголемување од 3 отсто во споредба со истиот период минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првиот квартал од 2018 година, „Атлантик група" оствари вкупни приходи од продажба од 152,4 милиони евра, што претставува зголемување од 3 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Добивката пред (EBITDA) изнесуваше 16,2 милиони евра, што претставува зголемување за 11,3 отсто, додека нето-добивката по малцински интерес се зголеми за 17,8 отсто на 8,2 милиони евра. Исклучителни резултати беа постигнати еднакво кај дистрибутивниот бизнис и сопствените брендови, со кои се компензираше недостигот на приходите од услугата за производство на спортска исхрана поради продажбата на производните капацитети на белгиските Aminolabs.
„Атлантик група" одлично почна уште една деловна година. Важно е да се истакне дека порастот на приходите е проследен со раст на профитабилноста, што укажува на тоа дека ова е здрав и одржлив пораст. Понатамошно намалување на долгот, значително пониските финансиски трошоци и зголемување на ликвидноста ни овозможи да се фокусираме на уште поамбициозен план за пораст во иднина, изјави Емил Тедески, претседател на Управата на „Атлантик група".