
Пекарската индустрија „АС – Браќа Станковиќ“ го почнува својот нов работен циклус, а во 2014 година планира да го прошири капацитетот, да го зголеми производството и да отвори нови работни места.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пекарската индустрија „АС – Браќа Станковиќ" го почнува својот нов работен циклус, а во 2014 година планира да го прошири капацитетот, да го зголеми производството и да отвори нови работни места.
Откако во септември минатата година стана сопственик на производителите на леб и бели печива „Пекара Кикинда", „Градска пекара Шабац" и „Житостиг" од Пожаревац, во текот на оваа година „АС – Браќа Станковиќ" планира да купи уште два производни погони. Со тоа ќе ја реализира основната цел, а тоа е дневно производство од 200.000 пекарски единици во втората половина од годината. Зголемувањето на производството ќе биде проследено и со отворање на нови работни места, така што за 2014 година се планира вработување на 75 работници, се наведува во соопштението на компанијата.
Со инвестирање во пекарските индустрии што некогаш беа значајни производители, ги оживеавме тие погони, ги модернизиравме и ја почнавме нивната обнова. Тој тренд ќе го продолжиме и во следните неколку години, а целта ни е да имаме производство што во потполност ќе ги задоволи потребите на пазарот и да заземеме лидерска позиција во пекарската индустрија во Србија, рече Драган Станковиќ, претседател и сопственик на компанијата.
Освен зголемување на производството и нови работни места, плановите за оваа година опфаќаат и проширување на асортиманот на производи, така што пекарската индустрија ќе лансира и осум нови видови леб и десет видови печива, што ги нема на пазарот на Србија. Тоа ќе биде проследено и сопроширување на пласманот на производи во малопродажните синџири: „Аман", „Идеа", „Никола Дендиќ", „Гомекс", „Ангропромет транском", „Тренд", а во следниот период се очекува пласман и низ други малопродажни синџири низ цела Србија.