
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По повод 55-тиот роденден на брендот Argeta, што работи во рамките на „Атлантик груп“, редакцијата на InStore магазин ја посети фабриката во Изола и во таа пригода дозна дека производството на оваа паштета наскоро ќе се зголеми. Причина за тоа е најавената испорака за американскиот пазар.
По повод 55-тиот роденден на брендот Argeta, што работи во рамките на „Атлантик груп", редакцијата на InStore магазин ја посети фабриката во Изола и во таа пригода дозна дека производството на оваа паштета наскоро ќе се зголеми. Причина за тоа е најавената испорака за американскиот пазар.
Во фабриката на Argeta дневно се произведуваат околу 240.000 конзерви од овој производ, што моментално бележи пораст на продажбата од 12%. Argeta може да се најде на полиците на продавниците во повеќе од 20 држави.
Најголеми пазари се Босна и Херцеговина, Косово, Австрија и Србија, каде што се остварува 60% од продажбата. По пазарен удел, водечки се БиХ (57%), Словенија (46%), Македонија (41%) и Швајцарија (25%), а најавениот извоз во САД е следен чекор за освојување на странските пазари, истакнуваат од компанијата.