
Две кампањи од компанијата „Атлантик груп“ влегоа во најтесниот избор за кандидат за европската награда за ефикасност на маркетинг-активностите „Еуро Ефи“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Две кампањи од компанијата „Атлантик груп" влегоа во најтесниот избор за кандидат за европската награда за ефикасност на маркетинг-активностите „Еуро Ефи".
Во првиот круг на оценување жирито избра 44 кампањи, а победниците ќе бидат објавени на 17 септември, на свеченото доделување во Брисел.
Во конкуренција се кампањи од 34 агенции од 11 држави. Германија е присутна со 17, Велика Британија со 9 и Франција со 4 кампањи.
Во категоријата производи за широка потрошувачка за наградата ќе се бори кампањата „Мајките одобрија" за брендот Argeta, што компанијата ја реализираше во соработка со агенцијата „Публицис". Втората кампања е за брендот Donat Mg под називот „И на трудниците им е потребен Donat Mg", што беше направена во соработка со агенцијата „Пристоп".