
На почетокот на јуни потпишан е Договор за долгорочно кредитирање на црногорското земјоделство во износ од 50 милиони долари. Договорот е потпишан во седиштето на Фондот за развој Абу Даби.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На почетокот на јуни потпишан е Договор за долгорочно кредитирање на црногорското земјоделство во износ од 50 милиони долари. Договорот е потпишан во седиштето на Фондот за развој Абу Даби.
Договорот беше потпишан од страна на претставници на Фондот за развој Абу Даби и министерот за земјоделство и рурален развој Петар Ивановиќ и директорот на Инвестициски развоен фонд на Црна Гора Зоран Вукчевиќ.
Како што е објавено во соопштението на Министерството за земјоделство и рурален развој, по потпишувањето на договорот, Ивановиќ објасни дека со оваа постапка се подигнува на повисоко ниво успешната соработка меѓу Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати.
Потпишавме Договор за долгорочно кредитирање на црногорското земјоделство со претставници на Фондот за развој Абу Даби во вредност од 50 милиони евра. Пред сè, станува збор за пријателски, а потоа за комерцијален или финансиски аранжман, имајќи го предвид тоа што црногорските земјоделци добија можност да ги извезуваат своите производи на пазарите на ОАЕ. За да им помогнеме во тоа, почнавме интензивни преговори со претставници од агенции и институции задолжени за издавање сертификати за извоз и воспоставување стандарди, изјави Ивановиќ.