
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ансгар Борнеман, поранешниот главен менаџер за Србија и извршен директор во секторот сладоледи за регионот, од јануари 2013 година ја презеде функцијата регионален директор на компанијата „Нестле Адриатик“, што ги опфаќа пазарите во Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Ансгар Борнеман, поранешниот главен менаџер за Србија и извршен директор во секторот сладоледи за регионот, од јануари 2013 година ја презеде функцијата регионален директор на компанијата „Нестле Адриатик", што ги опфаќа пазарите во Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Неговото седиште ќе биде во Белград, со канцеларии во Белград и Загреб. Борнеман го замени Марко Траваглиа, кој се врати во Италија за да ја преземе позицијата главен менаџер во „Нестле Пурина ПетКер" за јужна Европа, соопштено е од компанијата.
Истовремено, Миљенко Ваиќ, поранешниот директор за продажба, именуван е на позицијата директор на северниот дел од регионот и главен менаџер за пазарите во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
| Ансгар Борнеман, регионален директор, „Нестле Адриатик": Еден од главните двигатели на компанијата во текот на минатиот период беше нашата предност во континуираниот пораст на јадранскиот регион, што ќе биде наша главна цел и во иднина. Цврсто веруваме во потенцијалот на регионот каде што продолжиме да го развиваме и шириме своето работење. |
Во текот на изминатата година, Борнеман ја вршеше функцијата главен менаџер на „Нестле" за Србија и Црна Гора. На компанијата ѝ се придружи во март 2003 година, преземајќи ја позицијата директор на маркетинг за сладоледите на „Нестле" во Германија. По четири години, ја презема позицијата извршен директор во секторот сладоледи, каде што останува до доаѓањето во Србија. Пред „Нестле", Борнеман своите искуство и стручност ги постигнал работејќи во меѓународни прехранбени компании во целиот свет.