
Кон средината на мај компанијата „Аман“ отвори два нови маркети во Лајковац и во Белград.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон средината на мај компанијата „Аман" отвори два нови маркети во Лајковац и во Белград.
Супермаркетот во Лајковац, на ул. Београдски пут" бб, на своите потрошувачи им понуди дизејниран објект кој се простира на повеќе од 1.000 квадратни метри. Асортиманот вклучува широка палета на домашни и странски брендови, како и производи од приватните трговски марки Bravo и Alloro.
На денот на отворањето во маркетот се одржани промоции и дегустации на производи од различни доставувачи, а поделени се и пакет-подароци за првите купувачи. Трговецот подготви и пакети со храна и производи за хигина наменети за социјалните семејства на територијата на општина Лајковац.
Истиот ден, отворен е и минимаркет во Белград, на ул. „Миријевско брдо" бр.52д, кој со својата понуда ќе ги задоволи секојдневните потреби на жителите од тој дел на градот.