
Трговскиот синџир „Аман“ доби зелено светло за преземање на седум малопродажни објекти на „Идеа“ и на „Рода“ од „Агрокор“, на територијата на Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Аман" доби зелено светло за преземање на седум малопродажни објекти на „Идеа" и на „Рода" од „Агрокор", на територијата на Србија.
Како што е соопштено од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата во Србија, на трговецот му е одобрено преземање на три продавници на „Идеа" во Нов Белград, Панчево и Сремска Митровица, како и четири продавници на „Рода" во Смедерово, Ниш, Сомбор и Нов Белград.
Како правна основа за концентрација, на Комисијата и е доставен „Предоговор за преземање на работењето – дезинвестирање во согласност со решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата". Тој е склучен од една страна - „Идеа", како учесник во трансакцијата и „Меркатор-С" како продавач и од друга страна „Аман", како купувач.
Да потсетиме, од октомври минатата година, „Аман" ја прошири малопродажната мрежа во Србија со купување на „Интерекс" во Чачак, Ниш, Шабац, Белград, Обреновац и во Ваљево.