
„Љубљанске млекарне“, што работат во составот на „Лакталис“, пласираше млеко со ознака за посебно потекло. Засега, знакот „Избран квалитет – Словенија“ се наоѓа на Alpsko mleko.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Љубљанске млекарне", што работат во составот на „Лакталис", пласираше млеко со ознака за посебно потекло. Засега, знакот „Избран квалитет – Словенија" се наоѓа само на Alpsko mleko.
Кон крајот на месецот, Alpsko mleko со новата ознака ќе биде поставен на полиците, а се очекува и други стотина производи на „Љубљанске млекарне" да го добијат овој знак.
„Избрана каковост – Словенија („Избран квалитет – Словенија) е нова национална шема за потврда на квалитетото за земјоделските производи, односно храна со посебни карактеристики што се однесуваат на составот, квалитетот на сировините, посебна здравствена сигурност на животните, начин на хранење, должина на транспортни патишта, производство, брзина на преработка на сировина и што е можно пократок период на складирање и транспорт.