
Компанијата „Алева“ ја претстави новата линија на производи Aleva Natur, производи што се без засилувачи на вкус, без дополнителни адитиви и бои, со балансиран однос на соли, корисни масти и функционални додатоци.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Алева" ја претстави новата линија на производи Aleva Natur, производи што се без засилувачи на вкус, без дополнителни адитиви и бои, со балансиран однос на соли, корисни масти и функционални додатоци.
На конференцијата за новинари Горан Алексиќ, заменик на генералниот директор на „Алева" кажа дека во моментов оваа линија опфаќа седум производи и тоа потполно новите додатоци за јадења Kulinat, потоа специјализираните додатоци за одредени видови јадења – печено пиле, јагнешко месо, свинско месо и додатоци за подготовка на риба, како и две инстант супи.
Ова е само почеток. Во план е ширење на линијата. Овие производи веќе се наоѓаат во речиси сите поголеми трговски синџири, а се работи и на пополнувањето на ТТ објектите, објасни Алексиќ и додаде дека компанијата има план да влезе и во сегментот на органски производи.
Алексиќ ја искористи приликата да ги потсети новинарите за успешните резулатите на компанијата, почнувајќи од приватизацијата во 2005 година кога нов сопственик стана Христивоје Милошевиќ. Иако минатата година беше една од најтешките од кога почна кризата во 2008 година, ние во неа постигнавме најдобри резултати. На прометната страна остварени се повеќе од една милијарда и осумстотини илјади динари, додека остварениот профит изнесува два милиони евра, истакна Алексиќ.
Производите од линијата Natur се најмлади во нашето семејство, но сигурен сум дека бргу и лесно ќе најдат пат до потрошувачите, кои знаат да препознаат квалитет. Денес во нашето портфолио се наоѓаат повеќе од 160 производи, изјави генералниот директор, Христивоје Милошевиќ.