
Црна Гора и се закани на Албанија со конрамерки за увоз на овошје и зеленчук во наредните два месеца, доколку не ја изменат политиката за акциза на црногорското вино и пиво.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Црна Гора и се закани на Албанија со конрамерки за увоз на овошје и зеленчук во наредните два месеца, доколку не ја изменат политиката за акциза на црногорското вино и пиво.
Стопанската комора на Црна Гора соопшти дека Албанија „го оптеретува" црногоското вино и пиво на нејзиниот пазар со такси што се двојно поголеми од оние за домашните производи.
Комората укажа и на тоа дека Албанија го отежнува и увозот на млечните производи од Црна Гора на албанскиот пазар, повикувајќи се на уредбата за афлатоксин, што не го применува за другите земји од регионот. Повикувањето на таа уредба, како што истакнуваат од Комората, е против ЦЕФТА.
Воедно, Албанија бара црногорските месни производи да имаат европски извозен број, што не е во согласност со принципите на Светската трговска организација, истакнуваат од Стопанската комора на Црна Гора.
Земјоделството и преработувачката индустрија претставуваат еден од клучните сектори на црногорската економија, со учество во БДП од 9,7 отсто.