
Сопственикот и претседателот на Управата на „Атлантик група“, Емил Тедески, говореше за можна аквизација на „Подравка“, на гостувањето во ХРТ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сопственикот и претседателот на Управата на „Атлантик група", Емил Тедески, говореше за можна аквизација на „Подравка", на гостувањето во ХРТ.
Тој рече дека е вистина дека уште во 2009 година се обиделе да купат државен пакет во компанијата „Подравка", но исто така е вистина и дека тогашниот малцински партнер во Владата, Хрватската селанска партија рече дека ќе ја сруши владата ако се случи тоа.
Ако државата продава, ние ќе се јавиме на тој тендер, се надевам преку Загрепската берза, рече Тедески и додаде дека услов за влез во „Подравка" е делумно или целосно излегување на државата од акционерската структура.
Денес државата до 25,4 отсто удел има непропорционални права што не се во склад со препораките на ЕУ, што можеме да го наречеме златна акција. Таквата ситуација е неодржлива, независно од „Атлантик група", кажа тој за ХРТ.
На прашањето како ја коментира пораката од „Подравка" дека таа би можела да го купи „Атлантик", Тедески изјави дека во тоа не гледа никаков проблем.
Зад „Атлантик" се повеќе од 30 аквизиции, како во Хрватска, така и во Европа, и со зголемувањето на капиталот во просек од 20 отсто годишно, ги имаме сите права да изразиме таков интерес. Не гледам никаков проблем ако навистина имаат таков интерес, тие прво да кажат нешто добро за „Атлантик група"’, а потоа да дадат доброволна или обврзувачка понуда што нашите акционери сериозно би ја разгледале. Мислам дека до тоа нема да дојде и дека тоа е само шеретско однесување, рече Тедески, а пренесува Seebiz.