
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Меркатор-ЦГ“ во хипермаркетот во Подгорица ја почна акцијата „Од ден на ден“, во чии рамки купувачите секоја работна седмица, од понеделник до петок ќе имаат можност да изберат производ од акцијата во согласност со темата на денот.
Трговскиот синџир „Меркатор-ЦГ" во хипермаркетот во Подгорица ја почна акцијата „Од ден на ден", во чии рамки купувачите секоја работна седмица, од понеделник до петок ќе имаат можност да изберат производ од акцијата во согласност со темата на денот.
Во понеделник темата е „Здрава насока" при што во текот на целиот ден има 10% попуст на свежо цедените сокови, овошните салати и салатите од зеленчук.
„Сладок вторник" е наменет за оние што сакаат слатко. „По утрото се познава денот" е темата во среда што ќе ги израдува сите оние кои сакаат да појадуваат рано наутро со 10% попуст на пекарските производи, додека во четврток темата е „Ручек за носење" што носи попуст од 10% во период од 13 до 16 часот.
Секој петок „Меркатор" на домаќинките и на добрите готвачи им подарува „Рецепт за ручек во викендот", што освен во хипермаркетот може да се најде и на фејсбук страницата на трговецот.
Попустот важи секоја недела во согласност со темите, при што е обезбеден попуст на различни производи со цел да се задоволат вкусовите на потрошувачите, соопштено е од синџирот.