
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За да го намали количеството на фрлената храна и за да ја врати насмевката на оние на кои помошта им е најпотребна, компанијата „Карнекс“ секој месец донира големо количество храна на различни институции во Србија, а само во последните три месеци компанијата донираше над 5 тони храна.
За да го намали количеството на фрлената храна и за да ја врати насмевката на оние на кои помошта им е најпотребна, компанијата „Карнекс" секој месец донира големо количество храна на различни институции во Србија, а само во последните три месеци компанијата донираше над 5 тони храна.
Станува збор за помош која се состои од над 10 илјади сувомеснати производи и паштети.
Резултатите од истражувањата на британскиот Институт на индустриски инженери, покажаа дека во светот годишно се фрлаат тони и тони храна, додека милиони луѓе во светот гладуваат. Ниту во нашата земја ситуацијата не е подобра. Компанијата „Карнекс" е препознатлива по долгата традиција на помагање на оние на кои помошта им е најпотребна, а во изминатиот период, храна добија и прифатилиштата за деца, како и прифатилиштата за возрасни и стари лица, како и многу други институции, изјавија од компанијата.
Покрај овие донации, „Карнекс" ѝ се приклучи на хуманитарната организација „Банка на храна" и во рамките на нивниот проект „Магичен појадок", наменет за децата со посебни потреби од 35 училишта во Србија, донираше над 100 кг храна.