
Вкусовите на ајварот Mama's и годинава беа присутни на саемот за Халал индустрија што се одржа од 15 до 17 мај во Сараево, и се најдоа во рацете на Здружението на кувари кои вешто ги искористија за приготвување на вкусни рецепти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Вкусовите на ајварот Mama's и годинава беа присутни на саемот за Халал индустрија што се одржа од 15 до 17 мај во Сараево, и се најдоа во рацете на Здружението на кувари кои вешто ги искористија за приготвување на вкусни рецепти.
САХАФ – Sarajevo Halal Fair и Sarajevo Halal Forum претставува единствен настан каде на едно место се собираат претставници од халал индустријата од државите во југоисточна Европа, како и претставници од водечките светски халал компании и останати мултинационални компании.
Годинава на саемот учествуваа голем број компании од регионот, како и компании од Германија, Австрија, Турција, Малезија, Индонезија и други држави. САХАФ е првиот специјализиран халал саем во југоисточна Европа што пружа увид во сите развојни трендови во халал индустријата.