
Концернот „Агрокор“ договори кредит во износ од 50 милиони евра со француската банка „БНП Парибас Фортис“, известија неколку компании од составот на „Агрокор“, што котираат на Загрепската берза и се жиранти за тој кредит.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Концернот „Агрокор" договори кредит во износ од 50 милиони евра со француската банка „БНП Парибас Фортис", известија неколку компании од составот на „Агрокор", што котираат на Загрепската берза и се жиранти за тој кредит.
Вкупниот износ на кредитот е 50 милиони евра, а основниот капитал е поделен на две транши во износ од 25 милиони евра. Кредитот е подигнат за реконструкција на постоечкиот долг и за развивање на деловните активности на компанијата, истакнуваат од „Агрокор".
Кредитот е одобрен со рок на враќање на првата транша од 6 месеци, од денот на повлекувањето на средствата и втората транша од 18 месеци, од денот на склучувањето на договорот. Договорот, како што се наведува е склучен на 17 април.