
„Агрокор“ соопшти дека менаџментот на хрватската компанија, заедно со клучните инвеститори, работи на нов бизнис-модел и истакнува дека позицијата и постоењето на компанијата не се доведуваат во прашање.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Агрокор" соопшти дека менаџментот на хрватската компанија, заедно со клучните инвеститори, работи на нов бизнис-модел и истакнува дека позицијата и постоењето на компанијата не се доведуваат во прашање.

Како што пренесува хрватската новинска агенција ХИНА, поради различните информации, од кои голем дел биле нецелосни и невистинити, „Агрокор" решил да се огласи преку медиумите.
Менаџментот на компанијата, заедно со клучлните инвеститори, работи на репозиционирање на системот и на нов бизнис-модел, кој ќе ги заштити интересите на сите акционери, првенствено водејќи сметка за вработените и за нивните работни места, како и за доставувачите и за партнерите, кон кои, „Агрокор" ги исполнува сите преземени обврски, се наведува во соопштението.
Како што се наведува, одбраниот модел наскоро ќе им биде претставен на сите клучни партнери и на вработените.
За „Агрокор" ќе биде прифатлив само тој модел, што нема да биде на штета на вработените и на доставувачите и целосно ќе ги штити нивните интереси, а ќе биде во согласност и со инвеститорите, стои во соопштението.