
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на словенечкиот малопродажен бизнис-систем „Меркатор“, што од јуни е во сопствеништво на концернот „Агрокор“, предложи нов состав на надзорниот одбор на „Меркатор“, во кој треба да бидат Дамир Куштрак, Анте Тодориќ, Иван Црњац, Дарко Кнез и Ивица Мудриниќ.
Управата на словенечкиот малопродажен бизнис-систем „Меркатор", што од јуни е во сопствеништво на концернот „Агрокор", предложи нов состав на надзорниот одбор на „Меркатор", во кој треба да бидат Дамир Куштрак, Анте Тодориќ, Иван Црњац, Дарко Кнез и Ивица Мудриниќ.
Во дополнувањето на дневниот ред на собранието на акционери на „Меркатор", што ќе биде одржано на 29 август, на барање на акционерите на „Агрокор", се предложува оставка на досегашните членови на надзорниот одбор Бојан Бранк, Рок Розман, Борис Галиќ, Зденкo Подлесеник, Марјетa Зевник и Матеј Лаховник.
Сите споменати членови, освен Лаховник, веќе дадоа оставка од НО „Меркатор". За нови членови предложени се Дамир Куштрак, Анте Тодориќ, Иван Црњац, Дарко Кнез и Ивица Мудриниќ и досегашниот член Матеј Лаховник.
На собранието на акционери, меѓу другото, ќе бидат разгледувани резултатите од работењето во 2013 година и ќе бидат донесени одлуки за покривање на загубата, се наведува во соопштението на „Меркатор", објавено на Љубљанската берза.
Словенечките медиуми потсетуваат дека Ивица Тодориќ има најавено дека на чело на идниот „Адриа Ритеил" ќе биде Дарко Кнез, претседател на управата на „Конзум".