
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Конзорциумот „Агрокор“, по втор пат во период од еден месец, објави оглас за закуп или продажба на своите 95 продавници, во согласност со обврската одредена од страна на Агенцијата за заштита на пазарната конкурентност во Хрватска. Првиот оглас беше објавен на 6 август, а вториот е објавен на 15 септември.
Конзорциумот „Агрокор", по втор пат во период од еден месец, објави оглас за закуп или продажба на своите 95 продавници, во согласност со обврската одредена од страна на Агенцијата за заштита на пазарната конкурентност во Хрватска. Првиот оглас беше објавен на 6 август, а вториот е објавен на 15 септември.
Хрватскиот „Агрокор" ги нуди локациите што мора да ги тргне од своето портфолио, откако во судскиот регистар на Словенија е запишана одлуката за неговото преземање на „Меркатор". На почетокот на септември „Агрокор" стана сопственик на 80,75 отсто од словенечкиот трговец, пишува „Сеебиз".
Станува збор за 95 продажни објекти на „Конзум" и „Меркатор" со различен формат што се нудат на потенцијалните (за) купувачи.
Претходно се шпекулираше дека „Интершпар" е заинтересиран за купување на овие продавници, а спомената беше и заинтересираноста на „Плодине".
Да потсетиме, на „Агрокор" во Србија кон крајот на минатата година одобрена му е концентрација на капиталот со купувањето на словенечкиот Работен систем „Меркатор", но со услов продажба на 21 продавница. Според решението на Советот на Комисијата за заштита на конкуренцијата во Србија, до крајот на декември 2013 година, на „Агрокор" му се наложува продажба на 21 продажен објект во 15 градови и општини во Србија, со вкупна нето продажна квадратура од околу 20.000 квадратни метри.