
Раководството на „Агрокор“ постигнало договор со доверителите за т.н. стенд-стил аранжман, пренесуваат хрватските медиуми и наведуваат дека Ивица Тодориќ се согласил да си оди од челното место на компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Раководството на „Агрокор" постигнало договор со доверителите за т.н. стенд-стил аранжман, пренесуваат хрватските медиуми и наведуваат дека Ивица Тодориќ се согласил да си оди од челното место на компанијата.

ХРТ јави дека состанокот со банките кредитори завршил со постигнување на договор, но дека засега, деталите не се познати.
Стенд-стил аранжманот подразбира дека доверителите нема да почнат со наплата на кредитите во текот на прецизно дефинираниот процес на реструктурирање на компанијата. Додека важи аранжманот, дотогашните сопственици остануваат без дел или дури без сите сопственички права, а промената на клучниот менаџмент, е нешто што се смета за вообичаено и логично.
„Вечерњи лист" пишува дека семејството Тодориќ се согласило на неколку отстапки што ги барале руските доверители, односно дека Ивица Тодориќ повеќе нема да биде претседател на „Агрокор" и нема да се противи на промените што ќе настанат во компанијата.
Како што се наведува, прва присилна наплата на долговите кон „Агрокор" поднела компанијата „Орбико" на Бранко Роглиќ, а неофицијално, присилна наплата активирале и уште неколку доставувачи.
Дополнителна напнатост во случајот „Агрокор", како што пренесува „Танјуг", создало и обвинувањето од вториот човек на руската банка ВТБ – Јуриј Соловјев, која е вториот најголем кредитор на „Агрокор". Тој рекол дека компанијата на Тодориќ фалсификувала финансиски извештаи. Подоцна, од ВТБ ја ублажиле формулацијата и невеле дека се работи за долгогодишно допуштање на неправилности во изработката на извештаите.