
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Откако минатите две години вложи повеќе од 196,5 милиони евра во развој на информатичка технологија, „Агрокор“ почна со реализација на нова онлајн-платформа со цел, како што информираат од компанијата, да стане водечко место за е-купување во регионот.
Откако минатите две години вложи повеќе од 196,5 милиони евра во развој на информатичка технологија, „Агрокор" почна со реализација на нова онлајн-платформа со цел, како што информираат од компанијата, да стане водечко место за е-купување во регионот.
Концернот почна со реализација на нова регионална онлајн-платформа А007. Станува збор за купување на интернет на широк спектар производи и услуги.
Во рамките на конкурсот, отворен до 3 април, концернот во првата фаза бара 12 експерти во областа на логистика и набавка, развој и операција на информатичката технологија, дигитална комуникација и маркетинг, како и аналитичари и дизајнери.
На платформата почна со работа компанија во рамките на концернот и стотна експерти од сите области, а финализацијата на проектот е планиарана на есен, оваа година.