
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Агрокор“ планира иницијална јавна понуда (ИПО) на акции на Лондонската берза во следните две години, а парите што ќе ги собере на берзата би можел да ги искористи за аквизиции во Турција и Русија, изјави за британскиот весник „Фајненшал Тајмс“ основачот и сопственик на овој хрватски концерн, Ивица Тодориќ.
„Агрокор" планира иницијална јавна понуда (ИПО) на акции на Лондонската берза во следните две години, а парите што ќе ги собере на берзата би можел да ги искористи за аквизиции во Турција и Русија, изјави за британскиот весник „Фајненшал Тајмс" основачот и сопственик на овој хрватски концерн, Ивица Тодориќ.
Кога регулаторните агенции ќе го одобрат спојувањето со словенечки „Меркатор" и кога истото целосно ќе биде спроведено, Тодориќ вели дека ќе се разгледува ширењето на компанијата и надвор од западен Балкан. Со ова спојување се претпоставува дека годишните приходи на компанијата ќе достигнат 7 милијарди евра, но иако ИПО-то би било клучно за понатамошни ширење, сепак „Агрокор" ќе причека додека сосема не се подготви за понудата.
Во потполност сме подготвени за спојување на двете компании и веруваме дека во рок од две години ќе бидеме подготвени и за следниот чекор. Ќе видиме дали тоа значи формирање на партнерство, аквизиции или излегување на нови пазари. Сега би било штета да се оди со ИПО, но веруваме дека во рок од неколку години пазарот ќе биде потполно поинаков и ние ќе бидеме подготвени. Подготвени сме да разговараме со големи меѓународни финансиски играчи околу тоа, вели Тодориќ.