
Концернот „Агрокор“ на Загрепската берза ја објави понудата за преземање на трговскиот синџир „Конзум“, што работи во рамките на овој концерн.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Концернот „Агрокор" на Загрепската берза ја објави понудата за преземање на трговскиот синџир „Конзум", што работи во рамките на овој концерн.
Како што се наведува, „Агрокор" понуди 148 куни по акција (19,7 евра), што е за 3 куни повеќе од досегашната понуда на „Агрокор", и за 4,18 куни повеќе од просечната цена на акцијата на „Конзум" остварена на берзата во последните три месеци.
„Агрокор" во понудата за преземање на „Конзум" настапува заедно со „Јамница", компанија што исто така работи во рамките на концернот, чиј заеднички удел во „Конзум" изнесува 86,85 отсто.
Во понудата за преземање се наведува дека стратешките планови на „Агрокор" во однос на „Конзум" нема да се менуваат, туку дека продолжува стратегијата за ширење на малопродажното работење во Хрватска и во регионот, со посебен акцент на пазарите во Србија и БиХ.