
Претставници на хрватскиот концерн „Агрокор“ информираат дека целокупниот процес за купување на компанијата „Меркатор“ се одвива според договорот, потпишан со конзорциумот на продавачите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претставници на хрватскиот концерн „Агрокор" информираат дека целокупниот процес за купување на компанијата „Меркатор" се одвива според договорот, потпишан со конзорциумот на продавачите.
Соопштението следува откако словенечките медиуми објавија дека „Агрокор" посредно упатил нова понуда, според која е подготвен да плати 80 евра по акција, наместо предвидените 120 и нуди докапитализација на „Меркатор" со 225 милиони евра, со што, како што се наведува, долгот на трговскиот синџир би се намалил за четвртина.
„Агрокор" потпиша Договор со конзорциумот на продавачите, кој строго се почитува. Целиот процес се одвива професионално, рекоа од „Агрокор" за порталот www.poslovni.hr.