
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Пекабеско“ учествува на регионалниот саем за месната индустрија MEATMANIA, кој се одржува од 11 до 14 ноември во Софија.
На саемот, тимот на компанијата ги претставува своите производи и остварува деловни средби со потенцијални партнери. Од „Пекабеско“ наведуваат дека настапот е можност за воспоставување нови соработки и проширување на присуството на странските пазари.
„За нас, ваквите меѓународни настапи се многу повеќе од претставување на производите. Тие се можност за поврзување со нови пазари, следење на трендовите во индустријата и градење долгорочни деловни односи“, посочуваат од компанијата.
MEATMANIA обединува компании и професионалци од месната индустрија, овозможувајќи размена на искуства и воспоставување деловни контакти. Од „Пекабеско“ истакнуваат дека учеството е дел од нивните заложби за меѓународна промоција и создавање нови можности за раст.