
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
КАМ и компаниите во рамките на „Камчев Груп“ започнуваат ново поглавје со преселбата во новиот
Административен Бизнис Центар, лоциран во K-Mall & Business Center во Ѓорче Петров, Скопје. На една локација се обединуваат тимовите и компаниите од групацијата, создавајќи култура што поттикнува услови за поедноставна комуникација, поголема поврзаност и поефикасна секојдневна соработка.
Новиот деловен простор е уште еден чекор во динамичниот развој на КАМ и „Камчев Груп“ и потврда на нивната визија за иднината – инвестиција не само во растот на компаниите, туку и во луѓето и работната средина.
Вработените добиваат модерни канцелариски услови уредени според високи корпоративни стандарди. Преселбата е вложување во поквалитетни услови за работа и во понатамошниот развој на компаниите. Размената на знаења и искуства меѓу колегите е и можност за нивно професионално усовршување и подобрувањето на работните процеси, а заедничката локација носи и повеќе можности за неформални средби и дружење меѓу вработените.
Локацијата во рамките на K-Mall & Business Center во Ѓорче Петров овозможува и непосреден пристап до продавниците, услугите и останатите содржини во трговскиот центар. Дополнителен бенефит во рамките на објектот ќе биде и нов модерен фитнес-центар со површина од околу 2500m², достапен за вработените како практична опција за физичка активност и поддршка на активен животен стил, во близина на работното место.
Почетокот на работата во новите простории беше одбележан со интерна свечена коктел-прослава за менаџментот и вработените – заедничко одбележување на новиот почеток и следната фаза во развојот на групацијата.
Нов простор, нов заеднички почеток и уште поголеми можности за успех – под еден покрив.