Регион

Франк продолжува да инвестира и во услови на пандемија

09 Sep 2020

Дури и во овие тешки деловни услови за време на пандемијата, „Франк“ продолжи да прави редовни инвестиции во производствени капацитети, ИТ системи и, во помала мера, во опрема за угостителство.

Вкупните инвестиции во првите шест месеци од годинава изнесуваат 2,25 милиони евра. Најголемата единечна инвестиција е таа во мелница и систем на силоси во погон за кафе во вредноср поголема од 800 илјади евра. Воедно, компанијата продолжи да развива нови производи во согласност со тековните потрошувачки трендови со зголемена поддршка за угостителската индустрија. Вкупните инвестиции во првите шест месеци од годинава беа финансирани со сопствени средства.

Со инвестирање во набавка на мелница за кафе, „Франк“ ќе го оптимизира производството и ќе постигне поголем капацитет и флексибилност во целата фабрика за кафе, што е важно за постојното производство и новите развојни проекти, рече Зоран Шкевин, извршен директор на синџирот на снабдување во компанијата.

Инвестицијата оваа година вклучува и автоматизација и зголемување на ефикасноста на финалното, транспортно пакување во фабриката за производство на Franck Cappuccinо и други инстант-производи како што се функционалните пијалаци за кафе. Ова е продолжение на проектот за зголемување на капацитетот за пакување, кој беше почнат во 2018 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...