Регион

„Подравка“ го зголеми регресот за вработените

26 јун 2020

Управата на „Подравка“ донесе одлука за исплата на зголемен регрес на вработените со што го наградува нивниот придонес во вонредни услови на работење за време на пандемијата со Ковид-19. 

Износот на регресот ќе зависи од бројот на денови на кои работникот има право на одмор за 2020 година. На пример, работниците кои исполнуваат услов за 30 дена одмор, ќе добијат регрес во нето износ од по 3.000 куни. Разликата во споредба со претходните години е што годинава наместо по 100 куни бруто по ден годишен одмор, ќе бидат исплатени по 100 куни нето, што доведува до зголемување на примањата по основ регрес. 

Во тек на 2019 година, „Подравка“ за разни додатоци за вработените, покрај основната плата, исплати просечно по околу 10.000 куни за работник. 

Многу сум горд на сите наши вработени кои во изминатиот период одговорно и посветено работеа и придонесоа покрај сите тешкотии, заеднички да оствариме големи и вредни резултати. Драго ми е што на овој начин можеме да им покажеме благодарност и почит на сите наши работници. И во иднина ќе ги продолжиме вложувањата во нив и подобрувањето на нивниот статус и материјални права, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВИДЕО) „Виолета“ од темел ја обновува чапљинска „Ласта“

22 јун 2020

Повторно вонредна состојба во Белград

22 јун 2020

„Кромарис“ оствари рекордна продажба во јуни

22 јун 2020

Србија: Задолжително носење маски во затворен простор

22 јун 2020

„Лили“ отсега и на апликацијата Wolt

22 јун 2020

Црна Гора: Трговците бараат да се дозволи работа во недела и за празници

22 јун 2020
Вчитува уште новости...