Најголемата словенечка пиварница „Лашко“ ја продаде производствената единица за безалкохолни пијалаци „Витал Местиње“ на локалниот производител на алкохолни и безалкохолни пијалаци, компанијата „Дана“.
Сумата за која љубљанската пиварница, која е 100 отсто во сопственост на холандската пиварница „Хајнекен“ го продаде својот дел од производството, уште не е објавена.
Купопродажниот договор не е потпишан, но треба да се исполнат неколку услови пред неговата финализација, соопштија од „Лашко“.
Компанијата „Дана“ е основана во 1955 година и еден од најголемите производители на пијалаци во Словенија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.