Регион

Зголемени платите на вработените во продавниците

13 Apr 2020

Работниците во супермаркетите во БиХ ќе добијат поголеми плати за март, соопшти Синдикатот за работници во продавниците и услужните дејности во БиХ.

Во соопштението се наведува дека активностите и апелите на синдикатот до работодавците во секторот трговија, да ги наградат своите вработени за трудот и заложбите за време на пандемијата, вродија плод.

Претседателката на синдикатот Мерсиха Бешировиќ изјави дека почнаа исплатите за март и дека зголемувањето варира во зависност од работодавецот.

Различен е износот, некаде станува збор за минимално зголемување, од 25 евра, некаде е зголемен топлиот оброк, а некаде се подобрија условите во поглед на потпишување договор за работа со повисока плата. Во некои компании најавено е зголемување на минималната плата и веќе се потпишуваат договори. Тоа е најдобрата опција затоа што прометот веќе бележи пад и платата за април ќе биде спорна, објасни Бешировиќ.

На почетокот на март Синдикатот на работниците во трговијата и услужните дејности од работодавците побара да се преземат заштитни мерки за своите вработени, поради постојаниот контакт со голем број на луѓе. Синдикатот бараше да се обезбедеи доволно количество средства за дезинфекција и дополнителни паузи во текот на работењето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...