Како што соопштија од компанијата, наместо 100.000 евра да се вложат во промоции на нови производи, кои неодамна се лансирани на пазарот, ти ќе бидат пренаменети за донации.
Иницијативата е поттикната од вработените, во време на пандемијата со вирусот корона и со неа ја покажуваме желбата на „Млекара Шабац“ да понуди сигурност и поддршка на најзагрозените. Воедно, сакаме да покажеме солидарност во овие тешки моменти. Досега е донирани 8.000 литри долготрајно млеко и чоколадно млеко, како и повеќе од 10 тони јогурт, овошен јогурт, сирење и млечен намаз. Во ова ни помага Банка за храна Белград, преку која се дистрибуирани повеќе од 5.000 пакети. Во тек е делењето на 270 подарок-пакети за вработените на Клиниката за инфективни и тропси болести во Белград, како и 100 подарок-пакети за пензионерите, изјави Ивана Стевановиќ, директор за маркетинг во „Млекара Шабац“.
Млекарницата објави дека се нарачани 10.000 маски за војската на Србија, а во компанијата се воведени сите препорачане мерки од Владата за заштита на вработените и потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.