Управата и потпретседателите на „Подравка“ покренаа акција со која од своите лични примања издвоија средства за да помогнат во битката против коронавирусот.
Иницијативата наиде на одличен одзив, па беа собрани повеќе од 900.000 куни (118.162 евра) кои ќе им бидат донирани на болниците за набавка на респиратори и друга потребна медицинска опрема.
Покрај тоа што нашата компанија редовно се вклучува во хуманитарни акции, најмалку што како поединци можеме да направиме во овој момент, е покрај организацијата на работата во оваа вонредна ситуација, и ние лично финансиски да помогнеме, за нашиот придонес да биде вграден во респиратори со кои можеби на некој ќе му помогнеме да живее или во набавка на заштитна опрема со која ќе се сочува здравјето на оние кои спасуваат животи. Горд сум што сум на чело на компанија чии работници сесрдно ги извршуваат своите задачи и чиј менаџмент ниту во еден момент не се двоумеше со свои лични средства да биде дел од оваа хуманитарна приказна, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.