Регион

„Нектар“ најави растителна амбалажа

27 Feb 2020

„Нектар група“ е првата компанија во регионот која ќе премине на амбалажа од растително потекло, најави Михајло Јанковиќ, генерален директор на „Нектар група“. 

Исто така, тој најави и инвестиција од седум милиони евра во производство на зелена енергија. 

Со улогата на лидер во производството на сокови и преработка на овошје, сакаме да им бидеме пример на другите и да покажеме како сме одговорни кон вработените, сопствениците, партнерите, потрошувачите и заедницата во која живееме. Идентификувавме дека како компанија најголем придонес можеме да дадеме во областите вложување во луѓето, синџир на вредности и амбалажа, рече Јанковиќ.  

Вкупно 84 отсто од амбалажата на „Нектар“ може да се рециклира. Се планира во следните 10 години овој модел на рециклирање да се прошири од Словенија во целиот регион. 

За пакувањето од растително потекло, „Нектар“ ќе соработува со „Тетрапак“. Амбалажата ќе биде 84 отсто на основа на шеќерна репка и со 18 отсто намалена емисија на јаглерод диоксид во однос на стандардните пакувања. 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...