Една од најголемите фабрики за храна во Србија - „Будимка“ е продадена на јавна лицитација за 1,8 милион евра, на компанијата „Итн груп“ од Косјериќ.
„Итн груп“ се занимава со иновации во земјоделството и со производство на смрзнато овошје и зеленчук.
Како што истакна Вера Марковиќ, директор и косопственик на „Итн груп“, почетните инвестиции ќе достигнат 5 милиони евра, а се очекува да почне со работа напролет.
Имаме цел да продолжиме со работењето, да ја прошириме дејноста што веќе постои во фабриката во Косјериќ. Во оваа фабрика произведуваме смрзнато овошје и зеленчук, кои се 99% наменети за извоз, објасни Марковиќ.
За купување на „Будимка“, во која производството престана во 2015 година, интерес во текот на изминатите години покажаа компании од Србија, Европа и од Азија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.