Регион

„Adbooka“ - специјална публикација за креативната индустрија во Јадранскиот регион

01 окт 2019

По повод 5. јубилеен фестивал на интегрирани комуникации КАКТУС 2019, кој ќе биде одржан на 29.и 30 октомври во „Мадленианум Опера&Театар“ во Белград, Маркетинг мрежата со поддршка од весникот „Неделник“ ќе покрене специјално издание, публикација наменета за креативната индустрија во Јадранскиот регион, под називот „Adbooka“.

Слоганот на овогодишното издание на публикацијата е „Адвертајзингот може да го смени светот!“.

Станува збор за модерна, ексклузивна публикација на повеќе од 150 страници, која ќе содржи квалитетни авторски текстови, интервјуа и анализи од сите области на интегрираните комуникации. Почнувајќи од оваа година, „Adbookа“ ќе излегува еднаш годишно. Целта е афирмација на професијата, истакнување на талентите и потенцијалите, но и едукација и унапредување на креативната индустрија во регионот. Публикацијата ќе има хуманитарен карактер - парите од продажбата на дел од тиражот за време на КАКТУС 2019 ќе бидат донирани на српското Национално здружение на родители на деца болни од рак (НУРДОР). 

„Adbooka“ до крајот на годината ќе добие и свое електронско издание на српски и на англиски јазик. Публикацијата ќе се промовира на 30 октомври во рамки на фестивалот КАКТУС 2019.

Присуство на фестивалот најавија некои од најдобрите и најнаградувани светски креативци и комуникациски стручњаци од агенциите DAVID The Agency Мајами, Publicis Шпанија, McCann Лондон, Alkemy digital_enabler, Cheil Worldwide,  The Big Now Италија DDB Будимпшта.... Првиот и вториот ден ќе бидат организирани неколку креативни дискусии на теми насловени како „Креатор на содржини наспроти инфлуенсер - што доаѓа прво?“, на која ќе учествуваат блогери и инфлуенсери од цел регион, потоа „Бизнис, брендови и агенции - Што е следно?“како и на теми поврзани со идеите, технологијата и стартапите.

Фестивалот ќе го отвори Jean Zamprogno, креативен директор на агенцијата DAVID The Agency, Мајами. Меѓу главните предавачи се и Skaiste Sruogaite, директор за корпоративни работи за регионите Балтик, Балкан и Адриатик, „Марс“; Ioanna Mingou, директор на маркетинг за потрошувачи на „Мастеркард Европа“ и еден од најценетите глобални креативци, Eduardo Marques, главен креативен директор на Publicis Шпанија, кој ќе го затвори овогодинешниот фестивал. 

На учесниците ќе им се претстават и Emanuele Nenna, ко-основач и извршен директор на агенцијата The Big Now (Италија), Mihai Gongu, извршен креативен директор на SEE, Cheil Worldwide; Regan Warner, креативен директор на агенцијата McCann (Лондон); Giorgio Chiaramonte, сениор директор на компанијата Аlkemy digital_enabler (Италија); Karolina Galácz, креативен директор на агенцијата DDB Будимпешта и многу други. 

Новостите ќе бидат претставени на Ден на иновации и на Ден на таленти. Овие два дена, Маркетинг мрежата ќе организира програми за менторство и едукација за стартапи од Југоисточна Европа. Ќе се одржи и финале на натпреварот за стартапи од областа на маркетингот и финале на натпревар меѓу млади таленти од агенциите на возраст до 32 години, со хуманитарен карактер. 

Ќе бидат доделени и наградите Кактус 2019, во 23 категории, за организации, компании, институции и агенции со најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во 2018 година. За наградите одлучува стручно жири од 26 професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции, како и продукциски куќи од Србија и од регионот.

Златен спонзор на фестивалот е компанијата „Марс“, а го поддржаа и „Делта Холдинг“, „Златиборац“, „Јафа Црвенка“, „Меркатор“, „Донкафе“, „Нектар“ и други компании. 

 

 


 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...