Европската Комисија (ЕК) ѝ дозволи на Босна и Херцеговина да извезува јајца за преработка на пазарот на Европска Унија.
Мирко Шаровиќ, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ, изјави по одобрението за извоз на пилешко месо, извозот на јајца е уште еден успех за целата прехранбена индустрија на БиХ.
До сега, во ЕУ не можеше да се извезе ниту еден производ кој во себе содржи јајца од Босна и Херцеговина. Со ова го отстранивме и тој проблем, така што и производителите на композитни производи, како што се тетстенини, пекарски производи и слично, сега можат непречено да извезуваат, изјави Шаровиќ.
По добивањето на дозволата за извоз на јајца за преработка на европскиот пазар, БиХ ќе испрати и барање за дозвола за извоз на конзумни јајца. Тамошните власти очекуваат дека ова одобрение ќе го добијат наесен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.