Претседателот на владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти дека од 1.септември до крајот на октомври како дел од акцијата „Најдобра цена“ ќе се намалат цените на 81. производ во 2.500 малопродажни објекти.
Се работи за прехранбени производи, како што се месо, јаболка, кафе, риби, шампони, тоалетна хартија, производи за домаќинство и лична хигиена, изјави Вучевиќ.
Ова е продолжување на минатогодишната акција „Добра цена“ во која беа намалени прехранбени производи и која како што оценуваат од владата помогнала за подобар животен стандард на граѓаните.
Акцијата „Добра цена“ започна минатата година во септември и во оваа акции во повеќе од 2.500 продавници низ Србија биле намалени цените во 36 категории на производи.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.