Регион

Црна Гора: Владата ги ограничува маржите со цел да се стабилизираат цените

29 Aug 2024

Црногорската влада донела привремени мерки за ограничување на цените на производите кои се од посебно значење за здравјето и животот на луѓето.

Како што се наведува во соопштението на владата, било оценето дека досегашните одлуки врз основа на Законот за привремени мерки за ограничување на цените на производите значајни за животот и здравјето на луѓето поволно се одразиле на намалување на цените на основните прехранбените производи и тоа  значително го заштитило животниот стандард на граѓаните, особено на  најранливите категории во чија потрошувачка структура најголемо учество заземаат основните прехранбени производи.

Согласно со тоа,  владата одлучи да продолжи со ограничување на максималните маржи во наредниот период на 5% во трговија на големо и 7% во мало за следните производи: пченично брашно (тип 400 и 500), шеќер, сончогледово масло и кујнска сол.

Покрај тоа, со цел целосно стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард на најранливите категории на население, владата дополнително ќе ги ограничи маржите на максимум 10% во големопродажбата и малопродажбата, на сите артикли од групите производи кои се наведени во прилог 2 од оваа одлука  за најмногу 10 % во големопродажбата и максимум 15 % во малопродажбата на сите артикли од групите производи наведени во „Прилог 3“ од одлуката.

Посебен акцент во одлуката беше ставен на производите на домашните производители, што дополнително ја зајакнува економијата на Црна Гора, ја подигнува конкурентноста на домашната економија и ги прави домашните производи достапни и подостапни, се наведува во соопштението.

Беше нагласено дека се работи за сеопфатна акција бидејќи не се однесува само на еден артикл од одредена група на производи, туку се однесува на сите артикли од дадена категорија на производи, така што вклучува стотици категории на производи во секој поголем малопродажен синџир.

Предложената одлука, која ќе важи до 31 јануари 2025 година, нема да важи за трговците чии продажни објекти не надминуваат вкупна површина од 600 метри квадратни.

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...