Регион

Црна Гора: Околу 67% од компаниите вовеле барем една иновација

28 Jun 2024

„Монстат“ ги објави резултатите од истражувањето за иновативните активности на компаниите во периодот од 2020 до 2022 година, кои вклучуваат иновации на производи - стоки или услуги, иновации во деловните процеси, како и тековни, прекинати и завршени иновативни активности, пренесува „Мина.“

 Во периодот од 2020 до 2022 година, 66,9 отсто од компаниите вовеле барем една од наведените иновативни активности, додека 33,1 отсто од компаниите изјавиле дека немаат иновативни активности, се наведува во соопштението.

Учеството на компаниите со иновативни активности, гледано според големината , изнесува 65,3 отсто за малите, 74,3 отсто за средните и 57,1 отсто за големите компании.

Уделот на компаниите кои имаа иновативни активности во категоријата производствени компании е 66,5 отсто, а во услужните компании 67 отсто, се наведува во соопштението.

Од вкупниот број анкетирани компании, 50,2 отсто имале иновација на производ - стоки или услуги, 51,7 отсто имале иновации во деловниот процес.

 

 

Извор:Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...