Регион

Словенија: Пораст на извозот за 48%

07 Jun 2024

Според податоците на словенечкиот Завод за статистика извозот на Словенија во април бил зголемен за 48,8 отсто во однос на истиот период лани, а зголемување  бележи и увозот за 33,8 отсто.

Словенечките компании во април годинава извезле стоки во вредност од 5,85 милијарди евра,  од кои во ЕУ биле изевезени стоки во вредност од  2,68 милијарди евра , а 3,17 милијарди евра во други држави.

Извозот во земјите членки на ЕУ на годишно ниво е зголемен за 9,1 отсто  додека извозот во земјите надвор од ЕУ е зголемен за 114,7 отсто, пренесува „Сибиз“. 

Причината за големиот пораст кон останатите земји е високиот пораст на вредноста на делот на преработките, кои опфаќаат модификација, производство, склопување и реновирање на увезената роба со цел производство на нова или оригинална роба, наведуваат од Заводот за статистика.

Ваквите деловни активности посебно се акцентирани во фармацевтската индустрија и во трговијата со Швајцарија, од каде што доаѓаат најголемите странски инвестиции.во оваа индустрија.

Увозот на стоки во Словенија во април изнесува 5,70 милијарди евра, од кои најголемиот дел од увозот е од земјите членки на ЕУ и изнесува 2,80 милијарди евра, а од останатите земји вредноста на увезената стока е во вредност од 2,90 милијарди евра.

Покриеноста на увозот со извозот во април изнесува 102,6 отсто, додека суфицитот во надворешнотрговската размена изнесува 150 милиони евра.

 

Извор: Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...