Српската влада на денешната седница усвои уредба за задолжително производство и промет на лебот од брашното т-500, со која се пропишува максимална малопродажна цена во износ од 54 динари, односно производна цена од 46,31 динари.
Од страна на владата е донесена и одлука за интерентна продажба на 64.000 тони пченично брашно на производителите кои прават леб од овој тип на брашно за дополнително да се ублажат негативните последици за нив.
На седницата е усвоена и измена на уредбата за ограничување на висина на цената на основните животни намирици која е донесена за заштита на пазарот, односно за спречување на деформациите во формирањето на цената на стоката која е исклучително важна за снабдување на потрошувачите, а особено за сиромашните социјални категории.
Кога се во прашање потрошувачите, со оглед на тоа дека на сила е уредбата со која се ограничуваат цените на производите, овие измени нема да влијаат на зголемување на трошоците за лична потрошувачка, соопштуваат од владата.
Извор: Srbija.gov.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.