Во анализата се испитува односот што граѓаните на една држава го имаат кон купувањето домашни производи. Нив, според податоците, ги купуваат луѓе со пониски од просечните примања, како и граѓаните, кои во овие четири држави, живеат во рурални средини и населби со до 10.000 жители
TGI го претставува глобалниот стандард за истражување од еден извор бидејќи ги собираме сите податоци во врска со демографијата на испитаниците, медиумската изложеност, потрошувачката/употребата на производи/услуги и начинот на живот од еден испитаник користејќи еден обемен прашалник и на примерок кој е неколку пати поголем од стандардната големина на примерокот. Во моментов истражувањето се спроведува на примерок од 4.834 испитаници, на возраст од 15 до 69 години. Примерокот е репрезентативен во однос на пол, возраст, тип на населба и област, а регрутирањето на испитаниците е комбинација на F2F и онлајн-регрутирање. Базата на податоци на TGI Србија се обновува секоја година, двапати годишно (во јуни и декември) со приближно 2.400 нови испитаници.
Што се однесува до регионалното покривање, методологијата на TGI се имплементира (освен во Србија) на пазарите во Словенија, Хрватска и БиХ. За потребите на нашите регионални клиенти, ја подготвивме и базата на податоци на TGI Adria, која ги содржи одговорите на 14.313 испитаници кои беа собрани во последните 12 месеци од овие четири пазари.
Во оваа пригода ќе бидат презентирани дел од податоците од базата на TGI Adria кои се однесуваат на потрошувачкиот етноцентризам, односно односот што граѓаните на една држава го имаат кон купувањето домашни производи. Секако, за една земја е од големо значење својот економски пораст и развој да го заснова на зајакнување на влијанието на потрошувачкиот етноцентризам, кој пак се разликува и меѓу поединечните пазари и меѓу одделните сегменти на потрошувачи на истиот пазар.
Анализирајќи ја изјавата Секогаш кога можам, купувам (српски, хрватски, словенечки...) производи на четирите прикажани пазари, во последните шест години, може да се забележи дека потрошувачкиот етноцентризам најмногу се манифестира на пазарите во БиХ и Србија, додека значително помалку се манифестира на пазарот во Хрватска и Словенија (графикон 1). Ако се следи трендот на дефинитивна согласност со оваа констатација одделно по земји, може да се забележи дека има пад на согласноста со оваа констатација на пазарите во Словенија и Хрватска. Тоа е особено видливо во примерот на Хрватска, каде што дефинитивната согласност се намали од 24,2% на 8,67%. На пазарот во БиХ има благ пораст на согласноста со оваа констатација, додека на српскиот пазар процентот на дефинитивна согласност остана на нивото од 2019 година.
Графикон 1: Кога можам купувам (српски, хрватски, словенечки...) производи
Заедничко за сите четири пазари е демографскиот профил кој го делат луѓето кои се согласуваат со оваа изјава. Повозрасните граѓани покажуваат поголема склоност кон купување домашни производи. Исто така, со повисок степен на образование се намалува тенденцијата за купување домашни производи. Поголема склоност кон купување домашни производи покажуваат луѓето со пониски примања од просечните, како и граѓаните од овие четири држави кои живеат во рурални средини и населби со до 10.000 жители.
Од целосната демографска анализа може да се заклучи дека поголема склоност кон купување домашни производи имаат постарите лица, со понизок степен на образование, со приходи под просекот, кои живеат во рурални средини и во помали населени места.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.