Еден од најпопуларните оброци во бистроата на „Икеа“, хот догот, сега компанијата го претстави во нова верзија, направен на растителна база.
Новиот вегански хот дог, ќе им се придружи на виршлите и плескавиците од зеленчук, кои оваа компанија претходно ги лансира.
Визијата на компанијата „Икеа“ е да создаде подобро секојдневие за што поголем број на луѓе. Кога е во прашање храната, се трудиме да ја оствариме нашата визија, така што на нашите купувачи ќе им понудиме вкусна, здрава и одржлива опција, истакна Душан Адамов, комерцијален менаџер во секторот за храна во „Икеа“-Србија.
Тој додаде дека компанијата поттикнува што поголем број на купувачи да одбираат оброци на растителна база и поради тоа новиот ход дог е достапен е пристапна цена.
На нашите купувачи сакаме да ми понудиме повеќе можности на растителна база, затоа што избирањето на оброк на растителна база често значи и намалување на влијанието врз животната средина, во споредба со храната која содржи животински состојки, изјави Адамов.
Како што објаснуваат од компанијата, еден од предизвиците при создавањето на растителниот хот дог, било да се постигне текстура слична на онаа што ја има класичниот хот дог.
Новит хот дог од растително потекло содржи ориз, кромид, јаболко, сол и бибер, со додадена арома на чад, за да му се даде карактеритичен вкус на колбас. Овој хот дог од 15 номеври им е достапен на купувачите во „Икеа“-Србија.
Извор: Instore.rs
Фото: Ikea Srbija
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.