„Ахолд Делез“ соопшти дека добил одобрување од романските регулатерни тела за аквизација на трговскиот синџир „Профи ром фуд СРЛ“ од компанијата „МидЕуропа“.
Со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде на тимот на „Профи“ во нашето семејство на одлични локални брендови. Романија е атрактивен пазар кој бележи континуиран раст на потрошувачката моќ, поддржан од силни економски основи. Нашите тимови се подготвени за следните чекори, со цел да има непречена транзиција по затворањето на трансакцијата, изјави Клод Сараил, извршен директор на „Ахолд Делез“ за Европа и Индонезија.
„Профи“ е водечки традиционален малопродажен синџир во Романија, со 1.751 продавница во земјата. Во периодот од дванаесет месеци заклучно со јуни 2024 година, компанијата оствари приход од 2,7 милијарди евра.
Од „Ахолд Делез“ соопштуваат дека аквизицијата ќе го зголеми постојното деловно портфолио на компанијата во Романија, кое вклучува 977 „Мега имиџ“ продавници главно во урбаните области и додаваат дека „силното вклопување“ на форматот и комплементарните понуди на брендовите Profi и Mega Image ќа и дозволат на компанијата подобро да ги задоволи потребите на романските потрошувачи, а со тоа да постигне раст на продажбата и профитабилноста.
Трансакцијата, која првично беше објавена во октомври 2023 година, а чија вредност трговецот ја проценува на околу 1,3 милијарди евра, се планира да биде завршена во јануари 2025 година.
Извор: InStore.rs
Фото: „Профи ром фуд“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.