Македонија

Повеќе од 900 производи се дел од акцијата „Новогодишната кошничка“

13 Dec 2024

Заменик министерот за економија Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена на повеќе од 900 производи.

„Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи.  Од 15 декември до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудија, со пониски цени од најмалку 10 проценти. Сакам да се заблагодарам на сите компании кои се дел од оваа акција (производители, дистрибутери и маркети), кои излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност. Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk, објави на Ристески на својата Фејсбук страница.

Заменик министерот за економија упати апел компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат  на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната.

 

Извор: Facebook

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...