Министерот за економија, Бесар Дурмиши денеска соопшти дека од вчера започна акцијата „Новогодишна кошничка“ која беше најавена од почетокот на есента.
Со задоволство можам да кажам дека бројот на производи во „Новогодишната кошничка“ постојано се зголемува и до денес достигна +1000 производи. Во акцијата досега се приклучија над 90 производители и дистрибутери на производи, кои од вчера се достапни за граѓаните во 38 мрежи маркети. Нашите очекувања се листата на производи да надмине 1000. „Новогодишната кошничка“ започна вчера и како што најавивме ќе трае до 15 јануари 2025 година. Оваа акција е направена по иницијатива на бизнис секторот, каде што се понудени производи кои се нудат по пониски цени за граѓаните за најмалку 10 проценти. Преку оваа мерка директно помагаме да се подобри животниот стандард на граѓаните за да ги поминат новогодишните празници во добри услови, објави министерот на неговата Фејсбук страница.
Производите кои се опфатени со акцијата се наведени на полиците на маркетите со знакот„Се грижиме!“ Помалку трошоци, повеќе за тебе“. На веб страницата www.mojakosnica.mk објавени се сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошничката (производители, дистрибутери, трговци...)
Апелирам до компаниите континуирано да ја почитуваат акцијата која самите ја креирале, а доколку граѓаните имаат било какви приговори да го известат Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk, истакнува Дурмиши.
Извор/Фото: Facebook
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.