Во првите две недели од воведувањето на забраната за работа во недела, прометот на продавниците во Хрватска падна за 20 отсто. Според новиот закон, од 1 јули продавниците ќе можат да работат само 16 недели во текот на годината – остатокот од времето вратите им се затворени.
Здруженијата на работодавачи ја повикуваат Владата да ја промени одлуката бидејќи тврдат дека ќе се намалат трошоците и ќе се прелеат во другите соседни земји. Предупредуваат дека постои закана од пад на вработеноста и загрозување на опстанокот на помалите дуќани.
Според податоците од Даночната управа на Хрватска, во овогодинешната втора јулска недела, на 9 јули, издадени се вкупно 2,63 милиони фактури чиј износ достигна 43,1 милиони евра, додека лани во седмиот месец во трговијата фискализирани се 3,06 милиони фактури. Во последната недела пред стапувањето во сила на законските измени, на 25 јуни годинава, вкупниот број на фискализирани сметки изнесува 2,86 милиони, а нивниот вкупен износ изнесува 46,5 милиони евра, што е за 14,6 илјади или 0,5 отсто повеќе по број на фактури и за 6,9 милиони евра или за 17,3 отсто повеќе во нивниот износ во однос на последната недела од јуни минатата година. Тогаш биле издадени 2,85 милиони фактури во вредност од 39,6 милиони евра.
Исклучоци од забраната за работа во недела се продажните објекти на железничките и автобуските станици, аеродромите и пристаништата, на траектите и бензинските пумпи, како и во болниците, хотелите, културните и верските институции и музеите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.